Адебајор: Играч како Кристијано доаѓа еднаш на 200 години

Емануел Адебајор играше една сезона во Реал Мадрид со Кристијано Роналдо и исклучитечно го цени Португалецот, кој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Напаѓачот од Того вели дека Реал Мадрид премногу лесно и пребрзо се откажал од популарниот ЦР7.

„Таков играч се појавува на секои 200 години. Мојот поранешен клуб погреши што му дозволи да си замине. Сметаа дека ќе најдат замена, но јас не гледам кој може да го замени Кристијано“, вели Адебајор.

Сегашниот шпиц на Олимпија од Парагвај играше само 14 натпревари за Реал Мадрид во тандем со Роналдо, како што вели доволно за ваква храбра изјава.

„Можеби по девет години соработка и двете страни се заситија, но од сегашна перспектива Реал погреши. Не смеете да си дозволите да си замине човек што беше лидер на тимот во походот на четири титули во Лигата на шампионите и еден куп други трофеи што ги освои во белиот дрес“, додаде Адебајор.

Вкупно за девет години од 2009 до 2018 година Кристијано освои 15 пехари со најтрофејниот клуб во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести