Реал Мадрид објави соопштение во кое обелодени повреда на капитенот и десен бек Даниел Карвахал. Ова е многу лоша вест за искусниот фудбалер кој има фрактура на коска на малиот прст на десната нога, повреда која бара пауза од барем две недели.
Можно е Карвахал веќе никогаш да не заигра за Реал, а и да се појави евентуално уште еднаш, во последното коло против Атлетик Билбао, нема да има време да фати ритам и да влезе во форма за да биде повикан на Светското првенство. Селекторот Де ла Фуенте рече дека ќе го повика Карвахал само ако биде во потребната форма, а тоа не е случај, Дани е закован на клупата за резерви во најголем дел од сезоната.
Договорот со Реал му истекува летово, и веројатно против Билбао ќе се прости од публиката на „Бернабеу“, освен ако не дојде до пресврт и новиот тренер да побара од него да остане и да се бори со Трент Александер-Арнолд за стартно место.

