Адејеми: Ако играме како против Селтик, Борусија пак може да стигне до финалето на ЛШ

Карим Адејеми синоќа со хет-трикот против Селтик стана првиот германски фудбалер кој постигнал 10 гола во Лигата на шампионите пред да наполни 23 години.

„Многу сум среќен. Одличен натпревар, постигнавме седум гола, беше добра вечер за нас. Можеме повторно да стигнеме до финалето на Лигата на шампионите ако продолжиме да играме вака“, изјави Адејеми.

На табелата во Лигата на шампионите во моментов по некомплетираното второ коло, води Дортмунд, а во следното коло овој тим ќе игра на гости кај актуелниот првак Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести