Адеми два пати исто се повреди, но ќе игра против Викторија

Капитенот на Динамо Аријан Адеми на последниот меч против Истра незгодно падна и во две ситуации на исто место го повреди рамото. Македонскиот репрезентативец се жалеше на болки, но сепак информациите се дека тој ќе биде подготвен за настап на мечот на сезоната, против Викторија Плзен, в четврток.

„Засега уште чувствувам болки во рамото, но нема да има никакви проблеми. Сигурно ќе бидат подготвен за дуелот против Викторија Плзен“, рече Адеми.

И клупскиот лекар на Динамо потврди дека не се работи за сериозна повреда и дека нема да има потреба да се прави оперативен зафат, што значи дека со Адеми се е во најдобар ред. Првиот меч во 1/16-финалето од Лигата на Европа, Динамо ќе го игра на гости во Плзен, а реваншот ќе биде на „Максимир“ во Загреб.

 

- Оглас -

Најнови вести