Адеми е на готовс, се чека Бетис да тргне во завршна акција

Шпанските медиуми најавуваат интересен развој на настаните во кои е вклучен и Аријан Адеми, а интерес за македонскиот репрезентативец има од славниот шпански клуб Бетис.

Прва опција на тимот од Севилја е Гвидо Родригес, кој е играч на Ривер плејт, но засега на тој план нема ништо конкретно, па лесно може во преден план да избие Адеми.

Капитенот на Динамо Загреб е поевтин од Родригес и ќе чини 7 милиони евра, за разлика од неговиот конкурент, за кого Ривер бара отштета од 10 милиони евра.

Адеми подолг период е капитен на Динамо и еден од главните столбови на хрватскиот првак. Имаше неколку забележителни партии фудбал и за македонската репрезентација, па можно е уште зимаво да заврши на „Бенито Вилјамарин“.

Моментно во Шпанија играат тројца наши репрезентативци. Енис Барди е член на Леванте, а со него во Ла Лига е и Александар Трајковски како член на Мајорка.

Во популарната Сегунда брани Столе Димитриевски за Рајо Валјекано.

- Оглас -

Најнови вести