Адеми е стрелец, Динамо Загреб останува фаворит за рекордниот 16-ти пехар во Купот
Капитенот на Модрите со гол во 78-мата минута стави точка на победата од 2:0 против Славен за пласман во полуфиналето на Хрватскиот куп.

Аријан Адеми беше стрелец на вториот гол за Динамо Загреб во победата од 2:0 против Славен Белупо, а популарните Модри се пласираа во полуфиналето на Националниот куп на Хрватска и се главни кандидати за рекордниот 16-ти пехар.
Македонскиот репрезнтативец немаше тешка задача да ја погоди мрежата на тимот од Копривница во 78-мата минута и да ја потврди очекуваната победа на домашниот тим на „Максимир“.
Интересно е што Динамо го победи истиот ривал и во првенствен меч викендов со 3:0, па и денеска, иако малку потешко, успеа да слави нов триумф.
Стефан Ристовски не играшпе за Динамо, исто како и Дарко Велковски за Риека, екипа која го брани трофејот во Купот, а денеска го изненади Осиек со победа од 2:1 на гостински терен за пласман во полуфиналето.