Адеми и Динамо си закажаа битки со Ференцварош

Динамо Загреб по вторпат го совлада грузискиот Сабуртало Тбилиси, овојпат со 3-0, вечерва пред многу малку публика на загрепскиот „Максимир“ и се пласираше во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите. Оршиќ, Петковиќ и Олмо беа стрелци на головите, а сите 90 минути ги одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Загрепските Модри во следната фаза за противник ќе го имаат унгарски Ференцварош, кој ја елиминираше Валета од Малта.

Покрај Динамо и Ференцварош, во следната рунда од квалификациите за ЛШ се пласираа и кипарски АПОЕЛ, Селтик, Клуж и Базел, кој го доби дербито против ПСВ Ајндховен. Холанѓаните во минатата сезона беа во групите, играа со Барселона, Тотенхем и Интер, а сега ќе се борат за место во Лигата на Европа. Во тек е тврдиот дуел на Олимпијакос и П’лзењ, каде што Грците водат со 2-0 и ако заврши така, ќе одат понатаму и ќе имаат двобој со турски Башакшехир.

Утре се играат уште пет реванш-дуели од ова коло, по што ќе се знаат сите двојки за претпоследното скалило пред влез во групите од елитиното европско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести