Артета откри која била тајната на Арсенал да го победи Атлетико и да стигне до финалето

Арсенал се пласираше во финалето на Лигата на шампионите за прв пат по 20 години, откако во реванш дуелот против Атлетико Мадрид победи минимално со 1:0 на свој терен во ревашот од полуфиналето. Првиот меч во Мадрид заврши 1:1, па синоќа погодокот на Букаја Сака во 45 минута беше доволен за победа на домаќините на „Емирати“.

Арсенал во финалето ќе го чека подобриот од Баерн Минхен и актуелниот шампион ПСЖ кога лондончани ќе се борат за својата прва европска титула. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, беше пресреќен.

„Беше неверојатна ноќ помината со играчите и сите во клубот. Се чувствувам фантастично. Сè што правиме и низ што поминуваме сега има смисла. Гледам среќни и горди лица околу мене. Беше неверојатно од самиот почеток. Навивачите нè пречекаа надвор од стадионот, ни ја дадоа својата енергија и страст. Тие поставија стандард и ние ги стигнавме. Со години сакаме да ги направиме горди“, изјави Артета, а потоа додаде дека тимската игра била клучна за победата на неговиот тим.

„Она што најмногу ме импресионираше кај мојот тим беше заедништвото. Ги собрав на последниот тренинг и им се извинив. Реков дека ќе биде истиот тим како на претходниот меч. Сите рекоа дека тоа е моја одлука и дека се подготвени да го дадат најдоброто. Потоа ме прегрнаа“, додаде Артета.

Арсенал претходно во финале во ЛШ играше во 2006 година кога беше на чекор од трофејот, но на крајот загуби од Барселона со 2:1. Топчиите сега се на еден меч од испишување на историја.

- Оглас -

Најнови вести