Адеми и јунак и трагичар на Динамо

Динамо Загреб го победи Валур само со 3-2 во првиот дуел од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, беше главна ѕвезда на средбата. Капитенот на Динамо даде два гола, а при водство на хрватскиот првак од 3-0, Адеми не реализира пенал во 82-рата минута и за таа утка беа жестоко казнети.

Валур во финишот даде два гола и убедливиот го претвори во минимален пораз, па сега Валур може да се надева дека може да го елиминира Динамо. Адеми го одигра целиот меч, а Стефан Ристовски не влезе во игра.

Бугарски Лудогорец одвај со 1-0 го совлада белоруски Солигорск. Стрелец на голот беше Оливеира Соуза во 92-рата минута. Победникот од тој двобој во следното коло ќе игра со Шкендија или Мура. Македонскиот првак вечера загуби дома од Словенците со 0-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести