Со убавиот гол на Павлинка Николовска во 86-та минута, македонската женска репрезентација на Македонија славеше со 1-0 на гостувањето кај Андора во квалификациите за СП, во Лигата Ц. Пред три месеци, ја победивме Андора со 3-0, а сега минимално и со многу мака, но најважно е дека се освоени трите бода.

Во последното коло, за четири дена, Македонија игра дома со Азербејџан, кога нашиот тим ќе биде покомплетен отколку вечерва.

