Адеми и Ристовски ќе уживаат – Продадени се сите билети за мечот Динамо – Милан

Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе уживаат во вторник навечер на дуелот во Лигата на шампионите меѓу Динамо Загреб и Милан, откако е објавено дека сите билети се распродадени.

Мечот е од петтото коло во фазата по групи, ќе се игра на „Максимир“ од 21 часот, а се очекува и двајцата наши репрезентативци да играат против италијанскиот гигант.

„Максимир“ има скратен капацитет, откако дел од Источната трибина потклекна во земјотресот пред две години и има дел што е затворен за публиката, но сепак се очекува прекрасен амбиент и околу 25 илјади гледачи.

Двете екипи се на последните две места со по 4 бода по 4 кола, зад Челзи со 7 и Салцбург со 6, па кој ќе победи ќе остане во игра за пласман во нокаут фазата во ЛШ, или за преселба во Европа Лигата, а поразениот тим речиси сигурно ќе испадне.

- Оглас -

Најнови вести