Адеми и Ристовски прво ќе гостуваат во Лондон, а потоа ќе го вгостат Тотенхем

Осминафиналниот двомеч меѓу Динамо Загреб и Тотенхем во Лигата на Европа претрпе измени во распоредот на одигрување на натпреварите.

Тимот кој го предводи Жозе Мурињо требаше да биде домаќин во реваншот, меѓутоа двата клуба ги сменија домаќинствата, па сега Адеми и Ристовски со дружината прво ќе гостува во Лондон на 11 март, а седум дена подоцна Петлите ќе гостуваат на „Максимир“.

Оваа промена може да биде добра за Модрите, кои доколку се изборат за поволен резултат во англиската метропола, ќе може да го бранат домашниот терен и да бараат пласман во топ 8 фазата.

- Оглас -

Најнови вести