Адеми одговори капитенски: Динамо не постапи фер, но не сме злопамтила

Аријан Адеми одговори капитенски, како што му доликува на лидер на тим од калибарот на Динамо Загреб, на прозивките што ги трпеше во последно време. Македонскиот репрезентативец тешко ја прифати одлуката за намалување на платата, односно беше против начинот на кој тоа го направи најтрофејниот хрватски клуб.

„Динамо не реагираше најсоодветно и начинот на кој беше спроведен планот за намалување на платите беше погрешен. Мене ме критикуваа многу, иако јас и досега докажав дека сум му лојален на клубот. Одбив трансфер во странство за да му се оддолжам на Динамо при прекрасната реакција кога бев суспендиран поради наводен допинг. Секогаш ќе им бидам благодарен на клубот што тогаш застана зад мене, но и ќе укажувам кога се греши. Постапката на која се спроведе намалувањето на платите не беше добра, но не сме злопамтила и ќе продолжиме со срце да се бориме и да играме во дресот на клубот што ни значи многу“, вели Адеми.

Тој меѓу последните го потпиша анексот на договорот за помала плата по принципот играчите на Динамо да добиваат една третина од месечните примања, уште една третина да им биде надокнадена не подоцна од шест месеци од кам-бекот на фудбалските терени и една третина да му ја простат на клубот.

- Оглас -

Најнови вести