Адеми побарал да си замине од Динамо Загреб!

Капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми, можно е да си замине од хрватскиот првак во зимскиот преоден рок. Како што пренесуваат повеќе хрватски медиуми, Адеми денеска заедно со својот агент бил во просториите на клубот и побарал да добие дозвола за трансфер.

Најавите се дека Адеми има две сериозни понуди и тој сака да го искористи зимскиот преоден рок за да си замине од Модрите. Адеми во Динамо е од 2010 година и тој е најлојалниот играч во најтрофејниот хрватски клуб.

Некои шпекулации велат дека Адеми имал и конфликт со тренерот Анте Чачиќ, кој наводно бил незадоволен од капитенот на тимот. По разочарувачкото реми на Динамо против Горица, Чачиќ одржал 40-минутен монолог, а потоа се свртел кон Адеми и го прашал дали како капитен има нешто да додаде. Адеми бил краток во одговорот и рекол „Немам што да кажам“.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести