Седлоски: Кој нема да го оправда дресот, нема да добива повик во репрезентацијата

По поразот од Турција од 0-4 во вечерашниот пријателски меч, селекторот Гоце Седлоски на прес-конференцијата истакна дека има појасна слика за можностите на тимот и откри дел од слабостите.

„Турција е квалитетна репрезентација, а јас ја преземам одговорноста за поразот од 0-4. Ова е добра лекција за нас, дресот на Македонија мора да се оправда и кој тоа нема да го прави, нема да добива повик. Се чини дека се распаѓаме по примен гол, а тоа не смее да ни се случува. Не бев задоволен од одбраната и затоа направив многу промени на полувремето. Мора да работиме многу, сега имам слика за секој играч и ќе одлучам кој ќе добие шанса и како ќе работиме пред Лигата на нации“, рече Седлоски.

Тој додаде и дека после секоја грешка што ја направи тимот, доаѓа казна и примаме гол, и тоа мора да се поправи во иднина.

- Оглас -

Најнови вести