Фудбалската репрезентација на Македонија повеќе од шест месеци нема постигнато гол и тоа е проблем на кој ќе мора да паработи стручниот штаб на чело со селекторот Гоце Седлоски.
Поминаа 195 дена откако последен пат Македонија даде гол, тоа беше во ноември кога претрпевме понижувачки пораз од Велс од 1-7. Тогаш погоди Бојан Миовски. После тој гол, 427 минути не сме ги совладале противничките голмани, а Македонија играше уште со Републкика Ирска, Данска, БиХ и Турција, со сите на гости. Но, и на последниот меч дома, со Летонија која не е на рангот на овие со кои игравме во последните шест и пол месеци, лани во ноември не постигнавме гол, беше 0-0.
Следен натпревар на Македонија е оној со Швајцарија дома во септември, на отворањето на новата сезона во Лигата на нации. Ако и на силните Швајцарци не им дадеме гол, тоа би бил црн рекорд од над 500 минути без затресена противничка мрежа, нешто што никој не го посакува, но опасноста е реална.

