Адеми потпиша за тим од Кина, ќе заработи милиони, а и Динамо ќе се офајди

Аријан Адеми потпиша тригодишен договор Пекинг Гуан и од 20 март и официјално ќе стане фудбалер на кинескиот клуб, потврдуваат медиумите од Хрватска. Повеќе од една деценија Адеми беше во Динамо, а хрватскиот првак за трансферот на македонскиот репрезентативец ќе добие еден милион евра оштета.

Според договорот, Адеми ќе биде верен на Пекинг Гуан, а за три години ќе заработи пет милиони евра, односно, 1.650.000 евра по сезона.

Адеми на „Максимир“ пристигна во 2010 година од тимот на Шибеник, а низ годините поминати во дресот на Модрите, стана најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот. Првенството на Хрватска го освои 11 пати, во Купот на Хрватска се радуваа шест пати, а три пати го освои пехарот во Суперкупот.

Во 358 меча кои ги одигра за првиот тим на Динамо, Адеми постигна 41 гол, а има и 30 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести