Јувентус е подготвен да го продаде Глејсон Бремер

Бразилскиот репрезентативец Глејсон Бремер ова лето би можело да го напушти Јувентус, иако неговиот договор со торинскиот гигант важи до летото 2029 година.

Дефанзивецот, кој со години важи за еден од најсигурните играчи на Старата дама, повторно се најде во центарот на вниманието на европскиот трансфер-пазар. Интересот за неговите услуги не стивнува, па можно е да дојде до пресврт во редовите на Јувентус.

Во изминатите месеци многу се зборуваше за неговата откупна клаузула, која според извори блиски до клубот, изнесува 58 милиони евра.

Сепак, според најновите информации, Јувентус повеќе не сака својата иднина да ја врзува исклучиво за таа сума, туку е подготвен да разгледа и други модели на преговори со заинтересираните клубови.

Во Торино и натаму го сметаат Бремер за еден од клучните играчи во одбраната, но финансиската ситуација и плановите за реконструкција на тимот би можеле да ги натераат челниците на клубот да ги сослушаат понудите. Засега најголем интерес доаѓа од Премиер лигата, каде што за него се заинтересирани Челзи и Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести