Адеми се повреди, прогнозите не се добри!

Аријан Адеми повторно е повреден. Капитенот на Динамо во градскиот дуел против Локомотива мораше да биде заменет во 57-мата минута, и тоа поради повреда. Македонскиот репрезентативец се пожали на болка во стапалото, а денеска треба да му биде направен комплетен преглед и да се знае колку е сериозна неговата повреда.

Најавите се дека Адеми нема да биде подготвен за реванш-дуелот против Вилјареал во четвртфиналето од Лигата на Европа. Некои претпоставки се дека може да има и скршеница на стапалото, што ќе значи и многу подолга пауза. Точно за два месеца, Македонија ќе стартува на историскиот прв настап на Европското првенство.

Дамир Крзнар, тренерот на Динамо, вели дека Адеми има оток на стапалото.

„Стапалото на Адеми е потечено. Треба да спласне отокот, па на рендген да видиме колку е сериозна повредата“, рече Крзнар.

- Оглас -

Најнови вести