Адеми: Штета што не дадовме и трет гол

Аријан Адеми повторно игра во препознатлив стил, капитенски го предводи Динамо Загреб кон ново учество во Лигата на шампионите, а одличната форма мора да го радува и селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски.

Сега Динамо е во фокусот, а популарните Модри имаат убава шанса по триумфот од 2:0 против Розенборг во „Максимир“ повторно да бидат дел од елитата и да играат во фазата по групи во Лигата на шампионите.

„Кога навивачите се задоволни, тоа е добар знак дека сте одиграле одличен меч. Штета што не постигнавме и трет гол, но и 2:0 е добра предност за реваншот. Мора повторно да одиграме агресивно и да внимаваме на прекините. Во тој сегмент, Розенборг е најопасен“, рече Адеми по првиот меч на „Максимир“.

Реваншот е во Трондхајм на 27-ми август од 21 часот, а потоа Адеми ќе има сосема поинакви фудбалски обврски. Со репрезентацијата на Македонија ќе биде на подготовки пред септемврискиот квалификациски двомеч за ЕП 2020 година против Израел во Бер Шева на петти септември и четири дена подоцна во Рига против Летонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести