Адеми со Динамо има отворен пат до групите во ЛШ

Динамо Загреб чиј член е Аријан Адеми, има реална шанса да се најде во групната фаза од Лигата на шампионите. После денешната ждрепка во Нион, Динамо за место во европската елита ќе треба да ги елиминира Ференцварош и Марибор или Розенборг, што не е невозможна мисија. Дерби на плејофот за место во ЛШ може да биде Олимпијакос – Порто, а на патот на белградска Црвена ѕвезда до ЛШ и стојат Копенхаген и Јанг бојс.

ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈОФОТ: Динамо Загреб/Ференцварош – Марибор/Розенборг, Клуж/Селтик – Славија Прага, Јанг Бојс – Црвена ѕвезда/Копенхаген, АПОЕЛ/Карабах – ПАОК/Ајакс, Базел/ЛАСК Линц – Бриж/Динамо Киев, Башакшехир/Олимпијакос – Краснодар/Порто.

Третото квалификациско коло се игра на 6/7 и 13-ти август, а плејофот на 20/21 и 27/28 август, по што ќе се знаат сите учесници во групната фаза од ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести