Адеми со мајсторски гол го топи исландскиот мраз (Видео)

Динамо Загреб води со 1-0 против исландскиот Валур во квалификациите за Лигата на шампионите, а погодокот за хрватскиот првак го даде нивниот капитен Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец даде убав гол со волеј откако со гради ја смири топката по нафрлување од корнер. Член на Динамо е и Стефан Ристовски, но тој не е стартер, се наоѓа на клупата за резервни играчи.

Погодокот на Адеми е јубилеен 300-ти за Динамо на домашен терен во мечеви од европските купови. Ова е голот на Адеми постигнат во осмата минута:

https://www.youtube.com/watch?v=pn5bTGNXrEk

- Оглас -

Најнови вести