Адеми: Видов неверување во очите на соиграчите. Зарем ја победивме Германија?

Аријан Адеми, еден од главните играчи на Македонија, во интервју за хрватскиот весник „24часа“, говореше околу историскиот триумф на нашите Рисови против Германија со конечните 2-1 во Дуисбург.

„Долго ќе го паметам изразот на лицата на соиграчите. Не им беше верно што направивме откако судијата свирна за последен пат. Како да се запрашавме, дали навистина ја победивме Германија и тоа на нивен терен. Заборавете на тоа дека ги надигравме. И тие имаа свои шанси кои не ги искористија. Германија поседува топ фудбалери, фаворити се на секое големо натпреварување, но не се тие вонземјани. На крајот, се однесуваа како големи професионалци, сите ни честитаа за подвигот“, истакна Адеми.

Самиот Аријан имаше голема шанса да го совлада Тер Штеген, меѓутоа во дел од секундата задоцни со реакцијата при нафрлувањето од Алиоски, па голманот на Барселона среќно интервенираше. Пандев и Елмас беа тие кои ја донесоа победата со своите погодоци, меѓутоа целиот состав на Ангеловски лавовски се бореше од првата до последната минута, па на крајот победата беше сосема заслужена.

- Оглас -

Најнови вести