Адеми вреди 6,5 милиони евра, Ристовски застана на три, но цената ќе расте со ЕП (Фото)

Динамо Загреб направи интересна презентација на моментната проценета вредност на сите играчи по големиот клупски успех и настапот во четвртфиналето во Европа Лигата и споредба со цената што ја платиле за играчите кога тие доаѓале на „Максимир“.

Капитенот Аријан Адеми беше купен од Шибеник во 2010 година за 1.5 милиони евра, а сега се проценува дека на трансфер пазарот вреди 6.5 милиони евра.

Лавот на Динамо Загреб и на македонската репрезентација игра фантастично и се очекува цената само да расте, особено со настапот на Македонија на Европското првенство.

Можно е Адеми да оствари и летен трансфер и да си замине од Динамо, клуб каде е фудбалска икона и е исклучително ценет од сите, најмногу секако од навивачите на загрепчани.

Стефан Ристовски пристигна во Динамо пред два месеци за 3 милиони евра од Спортинг Лисабон и реално немаше многу време за да напрадува со проценетата трансфер вредност, која и сега е иста.

Десниот бек на македонската репрезентација сепак успеа да го оствари најважното, брзо да се вклопи во системот на Динамо и да биде стандарден првотимец. И него го чека слатко искуство и деби со македонската репрезентација на ЕП, што ќе се игра од 11. јуни до 11. јули, па добри настапи најпрво против Австрија, Украина и Холандија, па зошто да не и понатаму на ЕП секако можат да му ја зголемат цената.

 

 

- Оглас -

Најнови вести