Адетокумбо се нуди на клубовите во Саудиска Арабија да биде напаѓач

НБА ѕвездата Јанис Адетокумбо е еден од најскапоплатените кошаркари во светот. Грчкиот репрезентативец два пати беше прогласуван за најкорисен во регуларниот дел од лигата (МВП), а со Милвоки бакс ја освои и титулата во НБА.

Освен за кошарка, високиот центар покажа дека има добра вештина и за фудбал. Седумкратниот Ол-стар играч кој заработува речиси 35 милиони евра по сезона, на социјалните мрежи покажа како жонглира и се понуди на некоја од екипите во Саудиска Арабија, а во коментар напиша „Саудиска Про Лига, дали на некој му е потребен напаѓач!?“.

Во првенството на Саудиска Арабија во новата сезона ќе играат фудбалски ѕвезди како што се Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Нголо Канте…

- Оглас -

Најнови вести