Клаузулата на Мурињо вели дека Реал ќе има само 10 дена да реагира

По повеќе од една деценија, станува се поверојатно дека Жозе Мурињо може да се врати на клупата на Реал Мадрид. најавите се дека претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перес како главен фаворит за наследник на Алваро Арбелоа го споменува токму Мурињо.

Португалскиот стратег е на чело на Бенфика и има договор кој го обврзува да остане до јуни 2027 година. Раководството на Бенфика е решено да го задржи Мурињо во тимот, поради зголемениот интерес од Реал Мадрид. Според португалското издание „О Јого“, претседателот на клубот од Лисабон, Руи Коста, оваа недела одржал состанок со специјалистот за да разговара за плановите за претстојната сезона.

Изворот известува дека раководството на Бенфика има намера да му понуди на Мурињо продолжување на договорот до 2028 или 2029 година. Во сегашниот договор на Мурињо со Бенфика има специфична клаузула. Според клаузулата, Мурињо може да го напушти клубот за надомест од три милиони евра во рок од 10 дена по завршувањето на сезоната.

Тоа значи дека ако Реал Мадрид реши да го врати Мурињо, ќе мора брзо да реагира и тоа веднаш по завршување на актуелната сезона.

- Оглас -

Најнови вести