По осум месеци и 46 одиграни кола, денеска заврши сезоната во англиската Чемпионшип. Од претходно се знаеше дека Ковенти како најдобар тим ќе игра во Премиер лигата следната сезона, а сега како второпласиран во англиската елита следната сезона ќе игра и тимот на Ипсвич.
Ипсвич не пропушти шанса на свој терен да го победи Квинс Парк Ренерс и тоа со убедливи 3:0, па сезоната ја заврши со 84 бодови, доволно за второто место на табелата. Многу поголема драма имаше во битката за пласман во плејофот, каде ќе играат екипите од третото до шестото место на табелата.
Милвол заврши како трет со 83 бодови, Саутхемптон е четврти со 80 бодови, колку што има и петопласираниот Мидлсбро. Последното шесто место кое носи во плејофот е Хал со 73 бодови. Во последното коло Хал на свој терен со 2:1 го победи Норвич и благодарение на ремито на Врексам 2:2 против Мидлсбро, го обезбеди шестото место на табелата, кое дава надеж дека може да се избори за влез во Премиер лигата за следната сезона.
Од Чемпионшип испаднаа екипте на Шефилд венсдеј, Лестер и Оксфорд.

