Адетокумбо со забивање преку Вучевиќ ја најави победата на Милвоки (Видео)

Милвоки бакс го совлада Орландо меџик со 121-106 откако последната четвртина Елените ја добија со 37-25, па сега скорот во овој дуел од првото коло на плејофот е 3-1 за тимот кој беше прв на Истокот во регуларната сезона во НБА-лигата. На Бакс им треба уште една победа за пласман во Источното полуфинале.

Гркот Јанис Адетокумбо со 31 поен, 15 скока и 8 асистенции беше најзаслужен за победата. Кај Магичните најкорисен беше центарот Никола Вучевиќ со 31 поен, 11 скока и 7 асистенции. Овие двајца одлични кошаркари беа и во главни улоги при најатрактивниот потег на средбата, кога Јанис ја заби топката преку Вучевиќ.

Погледнете го забивањето на Адетокумбо в лице против Црногорецот:

- Оглас -

Најнови вести