Адис Јаховиќ се враќа во Гозтепе!

Македонскиот 33-годишен голгетер Адис Јаховиќ, пред крајот на зимскиот преоден рок прави трансфер, и од Анталијаспор преоѓа во Гозтепе, клуб чиј дрес го носеше од 2016 до 2018 година и за кој даде 35 голови на 51 настап.

Адис се согласил на договор во траење од една и пол сезона. Неговиот нов тим е во средина на табелата во турската Суперлига, но не е многу далеку од опасната зона и им требаше голгетер кој ќе им помогне да избегнат непријатност.

Јаховиќ е најдобар стрелец странец во историјата на Гозтепе, а денеска не беше ни на клупата на Анталијаспор, што е доказ дека во тек се преговори за негово заминување од клубот за кој играше една година.

- Оглас -

Најнови вести