Адријан и Александар го презедоа врвот во Генералниот пласман на Спортска прогноза

Адријан Бајрамовски одигра одлично коло на Спортска прогноза на Спорт Манија и со вкупно 8 погодоци го презеде врвот на табелата во Генерален пласман. Со него колидер е Александар Данилов, кој исто така има вкупно 63 поени.

Колото, деветто по ред, беше многу тешко за играње бидејќи имаше серија изненадувачки исходи и само две победи на домашните екипи во основниот дел од 13 пара или вкупно четири вклучувајќи ги и двете резервни двојки, кои се сметаат во трката за Генерален пласман.

Веќе од денеска можете да прогнозирате во новото, десетто коло на Спортската прогноза. Битката за врвот на табелата и за привлечните награди кои ги доделуваме секое коло, а ќе ги има и на крајот на сезоната и за најдобрите во Генералниот пласман, се разгорува. Разликата во топ 50 не е голема и изнесува само 10 поени.

Во продолжение на линкот можете да го проверите Генералниот пласман по девет одиграни кола на Спортската прогноза на Спорт Манија.

https://sportmanija.mk/sportska-prognoza/generalen-plasman/

- Оглас -

Најнови вести