Голманот на Ливерпул, Адријан за малку ќе беше трагичар, откако беше јунак на Суперкуп мечот на Европа, а за среќа и негова и на европскиот првак кардиналната грешка на дуелот со Саутемптон не беше решавачка.
Шпанецот ноншалатно се обиде да избие една топка во финишот на дуелот од Премиерлигата, го погоди Дани Ингс во нога и прими чуден гол.
https://www.youtube.com/watch?v=XF4gpPSIO8M
Сепак за да не биде кобно за Ливерпул, претходно се погрижија Садио Мане и Роберто Фирмино со прекрасни голови, по што гостите имаа предност од 2:0. Во финишот на мечот Валери промаши чист зицер од пет метри, па Ливерпул може да биде среќен со втората победа на стартот од Премиерлигата.
Сефте триумф како нов премиерлигаш забележа Норич и тоа убедлив со 3:1 против Њукасл. Блескаше финскиот репрезентативец Тему Пуки со хет-трик, а тој засега е најдобар стрелец во Лигата, бидејќи постигна и еден гол против Ливерпул во првото коло.
Резултати: Саутемптон – Ливерпул 1:2, Норич – Њукасл 3:1, Евертон – Ватфорд 1:0, Брајтон – Вест Хем 1:1, Астон Вила – Борнмут 1:2.

