АЕК ќе има тројца Македонци – Спировски го чека двегодишен договор во Ларнака

Стефан Спировски ќе игра за АЕК Ларнака во следните две години, а останува само формалност за да се комплетира трилингот македонски играчи во кипарскиот клуб.

АЕК го најави своето ново засилување и го очекуваат македонскиот репрезентативец да пристигне на Кипар за да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на двегодишен договор.

Стефан, кој е актуелен репрезентативец на Македонија, неодамна си замина од Хапоел Тел Авив, но брзо пронајде нов клуб и ќе игра заедно со Иван Тричковски и Даниел Мојсов.

Тричковски е најдобар стрелец во историјата на клубот, а Мојсов пред некој ден одлучи да го продолжи престојот во Ларнака за уште една година, па сега ќе имаме тројца македонски играчи во еден од најдобрите клубови во Кипар.

- Оглас -

Најнови вести