Африканките доминираа на маратонот, светска шампионка е Рут Чепнегетич

Рут Чепнегетич е новата светска шампионка во маратон, а најдолгата и најтешката дисциплина Кенијката ја истрча најбзо во Доха за 2 часа, 32 минути и 43 секунди. За 25-годишната Рут ова е прв златен медал на Светските првенства.

Зад неа како второпласирана целта ја мина претходната светска шампионка Роуз Челимо, исто така Кенијка, но сребрениот медал го освои за Бахреин, репрезентација за која се натпреварува подолг период. Нејзиното време беше 2:33,46, или за 63 секунди послабо од новата светска првенка.

Третото место го освои Хелалија Јоханес од Намибија со време 2:34,15. Првопласираните десет маратонки обезбедија настап на Летните олимписки игри во Токио следната година, а привилегија да трчаат на големиот настан покрај медалистките во Доха обезбедија и Киплагат, европската шампионка Мазуронак, Грунер, Танимото, Ким, Тезие и Јо.

- Оглас -

Најнови вести