Африканскиот хит одбра 26-мина фудбалери за историја- Само еден е роден во земјата, а и тој игра во странство

Фудбалската репрезентација на Комори беше хит во квалификациите за настап на Африканскиот куп на нациите и за првпат во историјата успеа да се квалификува.

Селекторот Џими Абду, кој е поранешен играч на Милвол, Вимблдон и Седан, одбра 26-мина фудбалери за пат во Камерун, каде што од 9 јануари до 6 февруари ќе се игра африканското првенство.

И интересно е што успеа да направи хемија од состав во кој 25-мина репрезентативци се родени во Франција, а само еден е родум од Коморите, а и тој не игра таму.

Се работи за Абдалах Али Мохамед, кој игра за Лозана Оуши, второлигаш од Швајцарија.

Комори се аутсајдери во Ц групата со Мароко, Гана и Габон, но за нив настапот на АФКОН во Камерун е историски и нема што да загубат.

„Африканските дивови сега се претпазливи кога играат против нас. Многу напредувавме, имаме прекрасна атмосфера и тимски дух и очекуваме уште многу изненадувања во иднина“, вели селекторот на Комори.

- Оглас -

Најнови вести