Агентот на Агуеро на преговори во Шпанија

Неколку шпански медиуми информираа дека агентот на Серхио Агуеро денес бил во Барселона, каде што ги започнал преговорите со каталонскиот гигант околу потписот на аргентинскиот напаѓач.

Иако најавите се дека Агуеро ќе остане во Премиер лигата и по крајот на оваа сезона, кога ќе стане слободен играч, Арсенал, Челзи и Лидс предводат во трката за неговиот потпис, меѓутоа Барселона се обидува да им ја расипе работата на англиските клубови.

Агуеро би сакал да ја искористи оваа шанса да заигра со сонародникот Меси на клупско ниво, иако со години ја делат соблекувалната на Гаучосите. Ова му е последна сезона на Агуеро во дресот на Манчестер сити, клубот чијшто е член од летото 2011 година и имаше успешна авантура во која покрај четирите титули во Англија, стана и клупски рекордер по бројот на погодоци.

Неколку повреди го спречија 33-годишниот Агуеро да го зголеми својот рекорден учинок бидејќи сезонава запиша само 15 настапи, во кои реализира само три погодоци, што му е прва сезона без двоцифрен учинок.

- Оглас -

Најнови вести