Миовски: Вакви контроли со силни противници се одлични за нас

Напаѓачот Бојан Миовски кој вечерва во Сараево мина 58 минути на терен на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина, верува дека вакви контроли со силни противници се добредојдени за Македонија и дека главна цел било воигрување бидејќи во националниот тим има многу нови играчи.

„Во првите 45 минути беше доста тврд натпревар. Имаме ние свои шанси, но и тие имаа шанси. Не ги искористивме. Се воигруваме, имаме многу нови играчи, нова формација. Мислам дека овие натпревари со вакви противници се одлични за да се воиграме за тоа што ни следува во иднина“, рече напаѓачот.

- Оглас -

Најнови вести