Агентот на Алиоски ги коментираше најавите дека ЦСКА Москва се интересира за Џани

Фудбалскиот агент Дино Ламберти, чиј клиент е македонскиот репрезентативен лев бек Езџан Алиоски, за руските медиуми изјави дека никој од ЦСКА Москва не го контактирал и не е запознаен дека Армејците се интересираат за популарниот Џани.

Алиоски по завршувањето на сезоната во Саудиска Арабија, го раскина договорот со тамошниот клуб Ал-Ахли, кој испадна во втора лига и сега е слободен играч, па без отштета може да ја смени клупската средина.

Желба на Алиоски е кариерата да ја продолжи во турскиот првак Трабзонспор, но Турците засега тактизираат околу понудата. Трабзон летово веќе купи еден лев бек, тоа е Ерен Елмали од Касимпаша.

- Оглас -

Најнови вести