Агентот на Елмас: Малку играчи во Европа до 22 години имаат репрезентативни бројки како Елиф

Менаџерот на Елиф Елмас, Џорџ Гарди, го испофали својот клиент по играта на дуелот помеѓу Македонија и Исланд.

„Вчера Елиф одигра феноменално, даде епски гол. Тој и соиграчите испишаа историја. На последните два меча тој имаше два гола и две асистенции. Во Наполи неговиот пат почна со Анчелоти, па дојде Гатузо, сега продолжува со Спалети. Тројцата се големи имиња кои многу го научија и ја препознаа неговата флексибилност. Нормално е тој да добива поголема минутажа бидејќи напредува тактички и технички. Вчерашниот меч го покажа неговото лидерство и во националниот тим“, вели Гарди.

Агентот вели дека малку се играчите родени 1999 или помлади кои имаат толкаво искуство како Елмас.

„Тој има 64 настапи за репрезентациите. Во Европа има само 3-4 такви случаи: Елиф, Де Лихт, Донарума и Исак. Сите тие вредат околу 40-50 милиони евра“, додава Гарди.

- Оглас -

Најнови вести