Агентот на Кристијано Роналдо се огласи по најавите за враќање на ѕвездата во Спортинг

Агентот и кум на Кристијано Роналдо, Жорже Мендеш, изјави дека враќањето во Португалија не е во плановите на неговиот клиент за следната сезона.

„Кристијано е горд на титулата на Спортинг, и јавно го покажа тоа, но во моментов, играњето во Португалија не е во плановите кај него“ – вели Мендеш.

Кристијано од 1997 до 2002 беше член на младинскиот тим на Спортинг, а потоа во сезоната 2002/2003 заигра и за првиот тим пред да се пресели во Манчестер јунајтед. Сега Роналдо е во Јувентус со кој сезонава има шанса да го освои Купот на Италија, но 36-годишниот Португалец не е премногу среќен во клубот кој не освои ниту еден од најзначајните трофеи.

Мајката на Роналдо, Долорес, вечерта кога се славеше титулата на Спортинг, им кажа на навивачи дека ќе замине во Торино да го убеди нејзиниот син да си замине од Јуве и повторно да го облече дресот на Спортинг.

- Оглас -

Најнови вести