19.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Агентот на најдобриот млад фудбалер во светот открива дали тој ќе го продолжи договорот со Барселона

Ламине Јамал сосема заслужено ја понесе ласкавата титула за најдобар млад фудбалер за 2024 година. Игрите кои ги прикажа во дресот на Барселона и во репрезентацијата на Шпанија ја кренаа неговата вредност на 150 милиони евра, а неговиот договор со „каталонците“ истекува во 2026 година.

Неговиот менаџер, Хорхе Мендеш, за шпанските медиуми открива дали и кога ќе биде продолжен договорот со Барселона.

„Ламине Јамал со сигурност ќе потпише нов договор со Барселона. Ламине треба да остане во Барселона. Не можам да кажам кога, но тоа сигурно ќе се случи. Тој имаше феноменална 2024 година и за мене беше најдобриот фудбалер во репрезентацијата на Шпанија и во екипата на Барселона.“ – вели Мендеш.

- Оглас -

Најнови вести