Фенербахче го смени тренерот Тедеско по поразот од Галатасарај

Фенербахче повторно направи тренерска промена, откако му даде отказ на Доменико Тедеско по тешкиот пораз во дербито со Галатасарај (3-0), кој практично ги згасна шансите за титулата.


Тедеско пристигна како наследник на Жозе Мурињо, но неговиот престој во Истанбул беше краток и без посакуван ефект. И покрај засилувањата во зимскиот преоден рок, тимот не успеа да наметне доминантна игра, а поразот од најголемиот ривал само ја потврди недовербата кај раководството.


Клубот преку официјално соопштение ја потврди одлуката за разделба.


„На последниот состанок на бордот на директори беше донесена одлука за прекин на соработката со Доменико Тедеско и неговиот стручен штаб. Им благодариме за нивниот ангажман и им посакуваме успех во понатамошната кариера. До крајот на сезоната, тимот ќе го предводи помошниот тренер Зеки Мурат Голе“, истакнаа од Фенербахче.


Со ова, турскиот гигант повторно влегува во потрага по ново долгорочно тренерско решение.

- Оглас -

Најнови вести