Агим Ибраими ги зголеми маките на Работнички

Шкендија со 2-1 славеше на гостувањето кај Работнички во дуел кој некогаш беше дерби и битка за титула, а сега пресметка на екипи кои сезонава остваруваат резултати полоши од очекувањата.

Работнички поведе рано со гол на Николче Шаркоски, брзо изедначи Агим Ибраими од пенал, а конечните 1-2 за гостите ги постави Ибраими, истотака од пенал, во судиското продолжение.

После оваа победа, Шкендија е третопласирана со 9 бода помалку од лидерот Вардар, а Работнички е заглавен на дното, со четири бода помалку од Борец и Ренова кои се пред него.

- Оглас -

Најнови вести