Агуеро е експерт за обложување: За четири дена заработи вистинско богатство од погодени тикети

Серхио Агуеро пред малку повеќе од една година беше принуден да ја заврши фудбалската кариера откако кога беше на теренот во дресот на Барселона, ненадејно падна на теренот, а лекарите потоа утврдија дека има срцев проблем. Аргентинецот, кој поради предвремениот крај на кариерата не беше дел од репрезентација која пред неколку месеци стигна до светската титула во Катар, ќе биде запамтен како еден од најдобрите голгетери во неговата генерација.

Најдобрите денови од играчката кариера Агуеро ги помина во дресот на Манчестер сити, каде што е и најдобар стрелец во историјата на клубот. Освен што беше прецизен на теренот, Агуеро сега покажува дека е одличен и кога се работи за уплаќање тикети во обложувалница.

Агуеро се пофали дека синоќа се обложил на победа на Манчестер сити на гостувањето кај Арсенал. Аргентинецот вложил малку повеќе од 8.000 долари на коефициент 2.47 и успеа да заработи безмалку 20.000 долари за помалку од два часа.

Освен погодениот победник на дербито во Премиер лигата, Агуеро неколку дена претходно беше добитен и на НФЛ-финалето, популарниот Супербоул. Тој решил да се обложи на победа на Канзас сити чифс во дуелот против Филаделфија иглс и на крајот со вложени 7.996 долари, си заработи 16.232 долари. Интересно е дека Канзас до победата стигна со филд-гол постигнат на 11 секунди до крајот на средбата.

- Оглас -

Најнови вести