Барселона се чини дека конечно се „спаси“ од Ансу Фати. Фудбалерот минатата сезона ја мина како позајмен во Монако, каде што одигра 30 натпревари и постигна 12 гола, па сега Французите се подготвени да го откупат неговиот договор.
Фати се сметаше како наследник на Лионел Меси во Барселона, па Каталонците со него потпишаа богат договор, но фудбалерот стагнираше и воопшто не ги оправда очекувањата. Тој има договор со Барселона до 2028 година, а според Фабрицио Романо, работата околу неговиот трансфер во Монако е завршена работа и Французите ќе платат 11 милиони евра.
Вредноста на Ансу Фати во моментов се проценува на 15 милиони евра, а своевремено вредеше неверојатни 80 милиони евра.

