Агуеро ќе го напушти Сити, но останува во Англија?

Манчестер сити потврди дека Серхио Агуеро по крајот на оваа сезона како слободен играч си заминува од клубот, по што за потписот на 32-годишниот голгетер се појави огромен интерес.

Барселона веќе извесно време се обидува да оствари преддоговор со Аргентинецот со цел да го доведе сонародникот на Меси на „Камп ноу“, па играњето покрај репрезентативниот колега да биде една од причините за Меси да се премисли и да остане во Барса по крајот на сезоната.

Сепак, Каталонците наидоа на конкуренција од Лондон. Арсенал и Челзи и тоа како се загреани да го ангажираат еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Премиер лигата.

За Сините ова ќе биде втор обид да го ангажираат Агуеро, ако се знае дека пред преселбата во Сити, токму Челзи беше главен кандидат да го донесе Аргентинецот на Островот, пред Граѓаните да му понудат повисока плата во летото 2011 година. Арсенал, пак, има потреба од врвен офанзивец бидејќи летово ќе се ослободува од Лаказет, а Агуеро би бил идеален партнер на Обамејанг во нападот.

Каде и да одлучи да ја продолжи кариерата, Агуеро речиси сигурно ќе биде големо засилување ако се знае дека од Сити заминува како рекордер со 257 погодоци во сите натпреварувања, но и како четирикратен, наскоро петкратен англиски првак.

- Оглас -

Најнови вести