Агуеро го скрши мразот, гол во ЛШ по еднонеделна пауза (Видео)

Серхио Кун Агуеро го прекина постот на екипите во Лигата на шампионите и по цели 7 дена постигна погодок, вечерва против Шалке 04 за предност од 1-0 на Манчестер сити.

Вчера двата меча меѓу Лион и Барселона и Ливерпул и Баерн завршија без голови, па последен стрелец пред Агуеро беше Марко Асенсио за Реал Мадрид против Ајакс, на меч што се играше минатата среда.

Вечерва Агуеро го проби мразот и погоди во 18-тата минута, по асистенцијата на Давид Силва.

https://www.youtube.com/watch?v=y2dOGN1nt1A

- Оглас -

Најнови вести