Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е во тек, а над 2.000 играчи веќе го имаат искористено своето „право“ и ги пополнија типовите за 13-те натпревари, плус двата резервни пара.
Од тоа што е досега типувано може да се заклучи дека два меча викендов сигурно ќе завршат нерешено, по еден во Серија А и во Ла Лига. Процентот и за двата меча е исто – по 42%, а реми се очекува на дуелите помеѓу Милан и Јувентус, односно помеѓу Рајо Ваљекано и Еспањол.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


