Агуеро ќе ја наследи десетката на Алиоски во Лидс?

Лидс јунајтед би сакал да го има Серхио Агуеро во своите редови. Ова е изненадувачката вест која брзо се прошири по англиските медиуми, и тоа на еден ден пред дуелот на Манчестер сити со Лидс во Премиерлигата.

Лидс има аргентински тренер, и сигурно дека Марсело Биелса би сакал да го ангажира четвртиот стрелец во историјата на Премиерлигата и најефикасен играч во историјата на Граѓаните. Биелса наводно не бил задоволен од игрите на скапо платениот Родриго кој дојде од Валенсија, и како партнер на првиот стрелец Патрик Бамфорд, популарниот Локо би сакал да го види ветеранот Агуеро, кој е слободен летово, бидејќи му истекува договорот.

Ако се оствари тој трансфер, Агуеро можеби ќе побара во Лидс да го носи дресот со бројот 10, кој во моментов го носи македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Има шпекулации дека нашиот Џани налето ќе си замине од Лидс, но тоа се само гласини, без конкретни факти.

- Оглас -

Најнови вести