Ах тој Јувентус, ги изненади 92 отсто од играчите на Спортска прогноза

По комплетирањето на 14-тото коло на Спортска прогноза, билансот е дека од речиси 1.400 прогнозери, единствено Горан К. има 10 погодоци, додека сите останати се со едноцифрен број погодоци. И десетката на Горан е далеку од Среќна 13-ка која нуди освојување мобилен телефон iPhone XS.

Фактот дека нема ниту 12, ниту 11 погодоци, значи дека нема да бидат доделени и ваучерите од Sport Life кои се со вредност од 1.000 и 500 денари. Сепак, со редовноста на играњето на Спортска прогноза, ги зголемувате шансите за напредување во Генералниот пласман, каде што на крајот од сезоната ќе има подароци за најдобрите.

Едно од најголемите изненадувања, според прогнозерите, го направи Лацио во дербито против Јувентус. Иако се играше на „Олимпико“ во Рим, само 8,1 отсто верувале дека Римјаните ќе победат и ќе му го нанесат првиот пораз на италијанскиот првак.

Иако фокусот во следните два-три дена ќе бидат мечевите од Лигата на шампионите, стандардно во 14 часот денеска ќе бидат познати и новите парови за следното 15-то коло на Спортска прогноза во кое се надеваме дека ќе има повеќе точни погодоци од изминатиов викенд.

- Оглас -

Најнови вести