Ајакс го продаде Долберг во Ница и остана без Данец за првпат по 10 години

Каспер Долберг си замина од Ајакс и ќе игра за Ница во трансфер што беше реализиран денеска. Ајакс за првпат по 10 години ќе нема ниту еден дански играч, секако, ако не се засили до крајот на летниот период, што трае уште пет дена.

Досега во Ајакс играле вкупно 26 дански играчи и тие се најбројни од странските играчи што биле дел од холандскиот гигант.

Долберг до заминувањето од Ајакс беше најдобар стрелец на тимот со 45 голови, откако во 2016 година дебитираше за Копјаниците. Зад него е Душан Тадиќ со гол помалку и српскиот интернационалец сигурно ќе го мине Долберг бидејќи остана во Ајакс.

Каспер е само еден во низата играчи што Ајакс ги продаде летово. Најскапи беa Матајс де Лихт и Френки де Јонг со трансфери вредни 75 милиони евра во Јувентус, односно Барселона, по нив е Долберг со 20 милиони евра што ги плати Ница, а од клубот си заминаа и Шене во Џенова, Вобер и Кристенсен во Салцбург и Дејли Синкгравен во Баер Леверкузен.

 

- Оглас -

Најнови вести